Вака изгледал терористичкиот напад: Полицаецот му рекол дека не смее да паркира па почнал да пука!

Непознат маж вчера околу 19 часот и 10 минути ја нападнал полициската станица во Зворник, Република Српска убивајќи еден полициски службеник, а уште двајца ранил, извикувајќи „Алах уегбер“.

Според најновите податоци на српскиот Курир, терористот Нердин Ибрич имал панцир на себе. Дошол со автомобил пред полициската станица и се паркирал пред неа, а откако излегол полицаецот Драган Џуриќ и му рекол дека не смее тука да паркира, терористот извадил пушка и пукал кон него. Полицијата одговорила со оган, па тој бил погоден седум пати, но не паднал на земјата поради панцирот. Откако бил погоден над него, тој куршум бил смртоносен и Нердин се срушил на земјата.

Ранети се полицајците Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ кои се борат за живот. 

Напаѓачот имал 24 години.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега