Никој не ги бара телата на загинатите мигранти - се погребуваат во Македонија

Во Македонија последните месеци загинаа голем број мигранти најчесто од Сирија, Сомалија, Авганистан, Нигерија. Како што пишува Дневник, сите жртви се погребани во земјава, на муслиманска парцела со сите обреди од страна на оџа, од причина што роднините не ги бараат телата. Засега имало само еден случај кога родителите на загинат мигрант го побарале телото за да биде погребано во матичната земја.

За потсетување, последната голема несреќа која ја потресе Македонија, беше железничката трагедија на пругата Велес-Скопје, каде животот го загубија 14 мигранти.  Групата која броела околу 50 лица се движела по пругата, а во еден момент седнале да јадат и да се одморат, но не ни насетувале што ќе се случи. Станува збор за тесен терен каде тие немале можност да се спасат. Несреќата се сличила во близина на стојалиштето Пчиња на непристапен терен, каде меѓународниот воз налетал на групата мигранти и ги усмртил. Дел од нив успејаа да избегаат и да се спасат.

Оваа несреќа е само уште една во низата кои ја потресоа периодов Македонија.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега