Аркан бил убиен поради парите од фудбалерот Лазетиќ?

Се верува дека Зоран Ушковиќ Сколе е еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ- Аркан, поради нивната расправија околу фудбалерот Обилица Никола Лазетиќ.

 

Oва е еден од можните мотиви за убиството на Аркан, бидејќи во игра биле многу пари, а другиот мотив бил од државен интерес, односно за безбедноста на државата било подобро Аркан да исчезне. 

Сколе и Аркан се расправале поради Никола Лазетиќ и неговиот трансфер, кој вреден цели 10 милиони марки. Аркан му понудил на Сколе само милион марки, па поради тоа наводно тој нарачал негово убиство.

 

Сколе очекуваше парите да бидат поделени како што е ред, пола- пола, но Аркан му рекол: Дали си задоволен со милион? На што Сколе одговорил дека тоа е сосема доволно.

 

Набрзо после тоа Аркан бил убиен во хотелот Интерконтинентал на 15. Јануари 2000 година, а Сколе не го доби својот милион, бидејќи беше убиен неколку месеци по смртта на Аркан од страна на членовите на Земунскиот клан.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега