Болеста ги спои, смртта ги раздели- најтажната приказна која го трогна Балканот

Анастасија Трајковиќ минатата година беше погребана на гробиштата во Врање. Таа умрела на само 10 години. Филип сега има 11 година. Тој преживеал леукемија. Филип и Анастасија се запознале во болницата. На детското одделение за хематологија во Клиничкиот центар во Ниш лежеле во болничките кревети свртени еден кон друг. Се заљубиле. Нивната љубов била толку силна што болничарите велат дека она кое тие го имале било најискрено.

Кога им било најтешко, тие спиеле во ист кревет. Така си го чувале стравот. Се држеле за рака и заљубено се гледале. Некогаш така и го дочекувале утрото. И тоа, бидејќи се ги болело и затоа што биле заљубени. Кога не можеле да бидат заедно, си пишувале писма. Тоа се најубавите љубовни писма некогаш напишани...

-Те сакам....сите мои сонови личат на тебе. Во тивката ноќ кога срцето ти трепери од страв сети се на мене, анѓелу мој! Те сакам Анастасија, и пишал Филип од болничката постела.

Единственото нешто што ги делело бил малиот простор, т.е премин меѓу нивните кревети. Но, тој мал, тесен болнички премин меѓу Анастасија и Филип често бил несовладлив. Огромен. Голем како океан. Додека примале терапија тие не смееле да станат од болничките кревети. Им било скратено задоволството да се гледаат. Не можеле да спијат заедно. Не можеле да се држат за рака. Ниту пак да си го чуваат стравот. Е тогаш, во тие моменти, тие се пишувале.

Нивните расплакани мајки ги носеле писмата. Како поштари. Од еден до друг кревет. 

-Анастасија, срцето ми чука како чекан, воздишката ми е како ветрот, а ти секогаш ќе си ми во срцето. Боже, помогни и на личноста која го чита ова, дај и среќа и мир, подари и го она што го сака, сочувај ја од сето зло и те молам помогни и кога и да и е потребна твојата помош, напишал Филип. 

-Те сонувам како преубав принц и таков ќе останеш во моето срце, му возвратила Анастасија.

А потоа, потоа, само заљубеното срце може да претчуствува загуба.

-Анастасија, ружо моја, блескаш како сонце. Кога облаците ќе те земат, ќе гледам во небо и ќе плачам. Како ќе живеам без тебе?, напишал Филип во последното писмо упатено кон Александра.

Анастасија умрела на 7 април минатата година. Имала само 10 години. Филип успеал да ја добие битката со леукемијата. Меѓу писмата кои ги чува се наоѓаат и исушени ливчиња од ружата која Анастасија ја оставила на неговиот кревет пред да биде префрлена во друг оддел поради болките.

-Мамо, тато...Се е готово. Си заминувам...Ајде да се поздравиме, да одиме дома, биле последните зборови на Анастасија пред да падне во кома.

По пет операции, четири хемотерапии и 11 протонски зрачења нејзиното изнемоштено тело не можело да се избори со болеста. Инаку, Анастасија боледувала од редок вид на тумор на максиларниот синус.

Родителите на девојчето се убедени дека поради погрешната прва дијагноза голем дел од вината за смртта на Анастасија треба да ја сносат и лекарите. Па поради тоа, денес случајот е пред судот. 

Извор: ВЕЧЕР.МК

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега