„Обединети Македонци“ од Торонто доби нов претседател

Нов претседател на организацијата „Обединети Македонци“ од Торонто е Мендо Бакаловски, кој на чело на организацијата ќе биде во следните две години, а за секретар е избрана Елизабета Медичкова, пренесе МИА.

Бакаловски и Медичкова се избрани на последните избори што се одржаа во просториите на соборниот храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Бакаловски потекнува од селото Драгош, Битолско. Неколку пати бил претседател на организацијата „Обединети Македонци”, како и на македонската православна црква „Свети Климент Охридски”.

Обединети Македонци е прва национална институција во македонската дијаспора која ги собра Македонците од Торонто и пошироко од Канада и САД.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега