Од сликање за полуматура замина во смрт - семејството на 14-годишното девојче од Градец во црно

Страшна сообраќајка викендов ја потресе Македонија кога загина 14-годишно девојче на патот Тетово-Гостивар. За 14-годишната Лиридона А. од селото Градец кобно било сликањето за полуматура од каде се враќала со другарите, кога за жал почина на самото место на несреќата. Како што пишува Дневник, децата биле во основното училиште „Мехмет Дерала" каде се сликале за табло, а потоа околу 14 часот тргнале дома, па решиле да се возат со автомобил по околните села, без да насетат каква трагедија ги очекува.

Малолетникот кој не смеел да вози и уште петмина малолетници седнале во автомобилот и го стартувале. Автомобилот се превртел на теснниот пат, а малата Лиридона починала на лице место, додека возачот се здобил со тешки повреди. Таа седела позади возачот, на задното седиште.

- Господ неа ја сакал. Глетката беше страшна. Мојата мала внука лежеше мртва на асфалтот, вели роднина низ солзи за Дневник и додава дека возачот кој е полумртов, сигурно не сакал ова да се случи и ќе се кае цел живот.

Возачот најверојатно ја украл колата, а сега се кае за тоа што ја однесе својата другарка во смрт. 

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега