Има само пет години а е вистински херој: Детенце од Капиштец се грижи за слепите родители

Мало момченце од скопски Капиштец е вистински херој. Петгодишниот Адмир има двајца слепи родители за кои се грижи подобро и од возрасен човек. За разлика од неговите другарчиња, малиот Адмир не сака играчки и боенки, бидејќи биле скапи, а со тие пари може да им купи нешто на неговите родители. Животот го натерал иако е многу мал, да биде позрел од повеќето деца.

Малото момченце од Скопје со родителите живее во трошна куќа со два кревета и маса, но сепак, таа зрачи со љубов и топлина. Неговите слепи родители велат дека гледаат преку него и дека им е најголемиот дар од Бога.

- Знае се, ни помага кога пазариме, ги знае банкнотите, внимава дали ни вратиле кусур како што треба...малку е див бидејќи не се дружи со деца, но дома е многу питом како маче и ни помага за се, велат родителите за Дневник.

ЦЕЛАТА СТОРИЈА НА ДНЕВНИК.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега