Мислеа дека е само обичен навивач, но потоа исплива болната вистина: „Син ми загина во дербито пред 17 години“

Фотограф на српски Телеграф отишол да известува за еден од градските дерби натпревари, но не ни замислувал дека ќе посведочи на трогателна слика и потсетување на тажна приказна.

Тој сакал да направи интересна репортажа за порталот, откако во еден парк наишол на дедо со својата внука додека тие оделе да го гледаат натпреварот на Црвена Ѕвезда и Партизан.

Фотографот дознал дека човекот е Томислав Радовиќ, кој пред 16 години трагично го изгубил својот син Аца додека бил на трибините и навивал за својот омилен тим.

Аца имал само 17 години кога го изгубил животот на еден од вечните дерби натпревари.

Неговиот татко Томислав сакал да ја почувствува атмосферата на натпреварот и со својата внука седнале на клупа во парк пред да заминат на стадион.

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега