Повеќе од 60.000 Грци побарале помош преку програмата за хуманитарна криза

Бројот на барања за помош преку програмата за справување со хуманитарната криза во Грција вчера достигна 60.540, по само седум дена од почетокот на процесот, пренесува МИА.

 

Најголем број барања (20.635) се за помош во храна, а 17.936 луѓе побарале помош во храна и за пристап до струја, додека голем број на домаќинства (14.121) аплицирале за сите видови помош, вклучувајќи храна, кирија и струја.

 

 

Покрај ова, 5.595 домаќинства бараат комбинација од помош за храна и кирија, ист број бараат помош за да платат кирија и поевтина струја, 1.206 аплицирале за помош со киријата и 622 бараат само бесплатно повторно да бидат приклучени кон електричната мрежа.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега