Малолетник претепан во автобус на „Илинденска"

Вистинска драма се одвивала вчера во 13 часот и 30 минути во Тетово на улицата Илинденска кога малолетник бил нападнат без никаква причина со боксирач. Откако малолетникот влегол во автобус, го нападнале тројца насилници, а едниот од нив по главата го удирал со боксирач. Повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, по што заедно со татко му го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово.

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега