ФОТО: Ова е момчето кое пукаше во полициската станица - еве ги деталите

Во регионалната управа на босанската Агенција за безбедност и разузнавање (СИПА) во Тузла е приведено едно лице, кое полицијата го поврзува со синоќешниот напад врз полициската станица во Зворник, во кој беше убиен еден полицаец, а други двајца беа ранети.

Нердин Ибрич, како што дознава Аваз, роден е кај Зворник, каде и го предизвика терористичкиот напад синоќа околу 19 часот.  Имал само една година кога полицијата го собрала неговиот татко и на 1 јуни 1992 година бил убиен на Бели  Поток. 

Тој со својот автомобил се паркирал пред полицијата, а откако веќе починатиот полициски службеник излегол и му рекол дека на тоа место е забрането паркирање, почнал да пука кон него и го усмртил. Потоа влегол внатре и почнал да пука, па ранил уште двајца полицајци. Тој бил усмртен со седум куршуми.

По наредба на јавниот обвинител, на местото на настанот вчера бил извршен увид, а формиран е и заднички истражен тим кој ќе го истражува случајот. Извршен е и претрес на две локации и одземени се предмети кои најверојатно имаат поврзаност со терористичкиот напад. На сослушување се викнати и голем број луѓе поврзани со напаѓачот.

Инаку, напаѓачот бил вооружан со две пушки и пиштол, носел панцир и во џебовите полицајците му откриле муниција.

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега