Ограбен "Сенатор" во Скопјанка - разбојниците си заминале со 5000 евра

Казиното „Сенатор“  утринава било мета на маскирани и вооружени разбојници.
 
Грабежот се случил во раните утрински часови, околу 4 и 35  кога маскирани и вооружени разбојници упаднале во казиното „Сенатор“ во трговскиот центар „Скопјанка“ на улицата Кузман Јосифовски Питу и успеале со закана да земат 5000 евра од вработените, како и четири мобилни телефони.
 
За среќа нема повредени.
 
Полицијата соопшти дека е извршен увид и дека се трага по сторителите. 

најчитано сега