Драма на Видое Смилески Бато: „Алфите" спречија млада девојка да скокне од тераса

Драма во Скопје заврши со среќен крај. Синоќа околу 23 часот на булеварот „“, по предходна пријава дека непознато женско лице се обидувало да изврши самоубиство  со скокање од балкон од зграда, Единицата „Алфа“ веднаш реагирала со што било спречено самоубиство.

Според податоците од полицијата, Алфите насилно ја отвориле вратата од станот и спречиле 24 годишна девојка од Струмица да си го одземе животот. По извршениот разговор утврдено е дека истата неколку месеци живеела со 31-годишниот М.А. од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања. Истиот ден околу 18 часот истиот излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.

Полицијата го привела момчето.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега