Рилковски како портпарол на СДСМ

Првиот човек на државата изборна комисија (ДИК) Никола Ролковски се стави во фунција на портпарол на најголемата опозициска партија СДСМ искажувајќи партиски ставови во улога на претседател на ДИК.

СДСМ покрај тоа што ја загрозува слободата на медиумите, воедно ја повредува непристрасноста и независнота на ДИК, узурпирајки ја комисијата преку претседателот Рилковски, искажувајки ставови кои се партиски. Преку ова се гледа дека агресивноста на социјалдемократите не е само кон новинарите, туку истата се гледа и во ДИК.

Првиот човек на ДИК при своето толкување за неуспешниот референдум во Општина Центар во изјава за опозициските портали искажува мсилење кое никако не е експертско, туку повеќе наликува на партиски став. Рилковски се внесе во улога на портпарол и политички настапи за референдумот во Центар.

- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ имаше апстиненција, си го повикаа членството да не гласа. Апстинираше и дел од администрацијата каде власта ја има контролата. Не смееја да излезат затоа што така им било речено. Имаше доста граѓани кои беа принудени да апстинираат со притисоци. Ова се избори каде излезе само една страна, опозицијата, вели Рилковски во изјава за А1.он.

Според познавачите, оваа изјава освен тоа што е политички пристрасна таа е и невистинита, особено ако се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните сами да одлучат, јавно и суштински не делуваше против овој референдум. ВМРО-ДПМНЕ немаше политичка партиципација на овој референдум освен административна во согласност со законот.

-ВМРО-ДПМНЕ немаше повик граѓаните да не учествуваат на овој референдум и немаше кампања која би повикувала на гласање или не за овој референдум. Тоа оставивме сами да го одлучат сите граѓани, и оние кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на било која партија или воопшто не се членови на партии, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ по неуспешниот референдум.

Ваквите партиски ставови на Рилковски искажани од фунција на претседател на ДИК доаѓаат откако во јавноста пред извесно време беше објавен сканадал за тајна средба меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ДИК Рилковски и членот на ДИК Виолета Дума. Тие беа фотографирани на средба одржана во кафеана на периферијата на Скопје. Опозициските портали тогаш се обидоа да ги “исперат“ Заев и Рилковски дека наводно фотографиите биле стари една година, но ваквата манипулација беше лесно разоткриена бидејќи дел од присутните на средбата се пофалиле на Facebook објавувајќи серија фотографии на своите профили со функционерите на СДСМ.

Медиумите тогаш пишуваа дека по ваквата средба, паѓаат во вода изјавите на СДСМ дека декларативно се залагаат за департизација. Тие го покажуваат токму спротивното со ваквите средби, дека директно се партизираат и дека лидерот на СДСМ е тој што им дава насоки и инструкции.

-По синоќешнта средба, претседателот на ДИК, Рилковски ја откажа најавената седница на ДИК за денес, најверојатно играјќи по музиката која му ја свири Заев. Коментарите на социјалните мрежи каде кружат фотографии од оваа средба говорат дека токму ова е врвот на лицемерието на Зоран Заев, објавуваа медиумите ба 9-ти март.

Со денешните партиски ставови на Рилковски за неуспешниот референдум во Центар на кој опозицијата доживеа тотално фијаско, дополнително се  повредува непристрасноста и независнота на ДИК која ја врши најголемата опозициска партија, чиј кадар е Рилковски.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега