НОВИ ДЕТАЛИ: Роднина на терористот можел да го спречи убиството

Рифат Рамич, роднина на момчето кое направи терористички напад на полициската станица во Зворник, се отвори за српските медиуми по немилиот настан. Тој за српскиот Курир изјави дека неговиот внук го викнал да му се придружи во нападот, но тој не го сфатил сериозно.

- Ми се јави ми рече да одам со него. Му рекол, ма тргни ми се со тие будалаштини, не го сфатив сериозно, вели Рифат. 

Уште една роднина на момчето кое беше усмртено со седум куршуми откако отвори оган кон полициската станица, жали за големата трагедија.

- Барем ова да не се случеше. Беше млад и мајка му го имаше само него. Заврши медицинско училиште и имаше работа. Сите сме изненадени, вели таа за српскиот Курир.

За потсетување, нападот 24-годишниот Нердин го изврши вчера во 19 часот, вооружен со две пушки и пиштол.

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега