Даштевски: Oд доказите е eвидентно дека прислушкуваните материјали се прибавени по пат на кривично дело

Аналитичарот  Александар Даштевски во вестите на Канал 5 истакна дека содржините коишто се објавуваат во „бомбите“ не треба да се коментираат бидејќи за нив се уште се води постапка. Тој нагласи дека доколку се докаже дека тие материјали се законски набавени дури тогаш можат да се објават и да се коментираат.

- Се повторуваат одредени разговири, гледаме дека одредени разговори не се дообјавени па се дообјавуваат. Денешните бомби јас не сакам да ги коментирам затоа што бомбите не се коментираат во цел свет е тоа правило да прво се води постапка па потоа ако се докаже дека се законски набавени тие материјали да се објават. Така беше во Турција, така беше во Германија и во други земји. Тука се уште не е завршена постапката, така што ќе ги коментираме кога ќе заврши постапката, меѓутоа од доказите што постојат досега евидентно е дека материјалите се прибавени по пат на кривично дело, значи немаат никаква важност, посочи Даштевски за Канал 5 телевизија.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега