Божиновски: Тоне рејтингот на СДСМ меѓу граѓаните - бомбите со контра ефект

Референдумот на Жерновски ги стави на вага бомбите на Заев. Експертите коментираат дека токму општината во која владее СДСМ најдобро и покажа на опозицијата дека на власт не се доаѓа со црна кампања и дека за да се добие поддршката од граѓаните не треба политиканство туку напона работа. 

„Додека трае овој процес посериозни поместувања нема, со тоа што како и во нашите истражувања, така и на референдумот, можеме да заклучиме дека со политичките бомби опозицијата нема добиено ни еден глас повеќе од она што го имаше претходно“ – вели Владимир Божиноски од Институтот за политички истражувања Скопје

Тој вели дека анализата на бројките од последниот референдум не му одат во прилог на СДСМ, што е само доказ за погрешната политика која ја води раководството на Бихаќка

 

„Бројот на луѓе кои што излегоа, иако најголем дел беа поддржувачи на опозицијата но имаше и луѓе кои не гласаат за СДСМ или воопшто не гласаат или пак гласаат за друга партија, а за ова прашање сметаа дека треба да излезат и да го кажат својот став. Нека се тие само 10%. Иако јас мислам дека се повеќе. Но нека се 10%. Излегува дека бројот на поддржувачи на опозицијата ако се суди според овој референдум е помал од бројот на гласови кои ги освоија дали Стево Пендаровски лани или Жерновски претходната година.“ – вели Божиновски

Според Божиновски, референдумот е важен и од аспект на тоа што покажал дека сите обвинувања на СДСМ за нерегуларности во општина Центар се само лошо оправдување за неспособноста на опозицијата бидејќи и на ланските избори и на референдумот во неделата резултатите многу не се разликуваа

“Како во Шведска. Или како во Скандинавија. Значи можело и по овие правила да се организираат фер и демократски избори. Нешто  за што опозицијата тврдеше дека и е одземе на претходните избори“ – дециден е Божиновски

Експертите коментираат дека во неделата, граѓаните му упатиле јасна порака на Заев дека сценариото за деструкција нема да помине. Ваквата порака на создала вистинска паника на Бихаќка, откако на раководството му стана јасно дека освен правното во целата  афера, почна да го губи и политичкото тло. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега