Бомба 27: Заев во паника - доказите се поцврсти

Алиби прес конференција која покажува колку Заев се плаши од доказите против него. Вака експертите ја оценуваат денешната така наречена бомба на Зоран Заев. Велат дека со денешниот настап лидерот на СДСМ целосно ги потврдил сомневањата против Верушевски и двајцата вработени во ДБК опфатени со акцијата Пуч, а ја потврдил и својата улога во ова сценарио.

Што се однесува до законот за следење на комуникациите експертите велат дека СДСМ покажува лицемерие зашто партијата самата се сложила да се донесе тој закон и гласала за неговата содржина.

Експертите сметаат и дека Заев ја потврдил конверзацијата на Верушевски со оперативците за планираното сценарио за насилни протести.

И од владејачката ВМРО ДПМНЕ со оценка дека Заев денеска си зададе автогол потврдувајќи ги сите наводи на истрагата против него и агентурната мрежа на Верушевски.

-Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи. Најприслушкувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски ниту Мијалков не дале наредба да се прислушкуваат самите себе. Соочен дека никој веќе не им верува и дека нема никаков ефект од ова што го прави, Заев прибегнува кон вакви апсурдни, површни и тргикомични прес конференции со кој самите се посипуваат со пепели во кои и самите не си веруваат во неточниот наратив кој сакаат да го наметнат, но на кого никој не му верува, стои во соопштението на Вмро Дпмне.

Во однос на фалењата на Заев дека поседува еден куп незаконски прислушкувани и креирани, материјали и смс пораки, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ може да кажат дека доставиле и 5 милиони страници материјали, но ако во нив нема ниту еден аргумент како што очигледно во овие до сега објавени материјали на Заев нема, тогаш залудно им е се. Бројката не е воопшто предиспозиција и показател за квалитетот. 

-Ова е алиби прес конференција во која Заев сака да се убеди прво себе и своите а потоа да ја убеди јавноста во нешто што е крајно нелогично и сулудо. Уплашен од доказите и сега импровизира и лаже бесрамно. Ова покажува дека стравот ги тера да прават клучни и стратешки грешки“ - велат од владејачката партија.

Додаваат дека власта нема да дозволи реализација на црните сценарија со кои се заканува Заев.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега