Двајца Словенци уапсени во Грција со рекордна количина хероин

Двајца словенски државјани се уапсени кон крајот на минатата недела во Грција со 370 килограми хероин, поради што им се заканува казна до десет години затвор, потврди денека словенечката полиција, наведувајќи дека спроведува истрага во врска со случајот и во Словенија.

Во атинското пристаниште Патрас уапсени се 33-годишниот возач Кламен Равбар и неговиот сопатник 45-годишниот Стане Забре.

Тие се уапсени откако полициското куче во нивното товарно возило, на траект кој патувал за Италија, под ауспухот на возилото извлекло пакет со еден килограм хероин, додека со дополнителен претрес е откриена рекордна количина од 370 килограми хероин. 

Дрогата, распоредена во 340 пакети на црниот пазар би постигнала вредност од седум милиони евра, а во разредена состојба за продажба по дози 40 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега