Седници на седум собраниски комисии

 Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат седум комисии.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и на Комисијата за европски прашања ќе имаат јавна расправа на тема „Како до родова рамноправност?“.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог - законот за изменување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија како закони по скратена постапка во второ читање ставени се измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за спорт, како и измените на Законот за архивски материјал и на Законот за работни односи.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега