Уште утре на работа - какво ќе биде времето за 1 Мај?

Конечно остана уште еден работен ден, а потоа ни следува продолжен викенд. Сепак, времето нема да ни се погоди, па така, бранот врнежи кој започна вчера ќе продолжи до крајот на неделата.

-Бранот врнежи кој што започна во вторник, ќе заврши во првата половина од среда и тоа со далеку послаби врнежи. Повремен и релативно слаб дожд се очекува во западниот и северниот регоин од земјава. Попладне облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер,објавува Метеопро.

Максималната дневната температура ќе има вредност околу 19°С низ котлините во земјава. Максималната температура ќе има малку поголема вредност долж јужниот тек на Вардар, од 21°С до 23°С.

Утре умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Во петок кога ни започнува продолжениот викенд, умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Но сепак да напоменеме дека постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега