Од денеска пренасочени дел од автобусите во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска, во четврток и во петок целосно ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек што е формиран меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ѓорче Петров и Ацо Шопов, кај Порта Влае, поради изведување градежни работи.

 Автобусите од градските линии 2, 2А, 4, 12, 22 и 22A во наредните три дена ќе бидат пренасочени преку улиците Ангел Динев, Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски)  и Ѓорче Петров, а автобусите на автобуската линија со број 21 ќе бидат пренасочени по булеварот 8.Септември и улицата Скупи. Оваа траса автобусите од јавниот превоз ќе ја задржат и во обратна насока, а притоа ќе се користат постојните автобуски стојалишта.

  Автобусите на приградските линии 11, 32, 56, 56а, 60 и 64 ќе бидат пренасочени по улиците Московска, Митрополит Теодосиј Гологанов и Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски) и ќе продолжуваат во правец кон улицата Ѓорче Петров. Во обратна насока посочените возила ќе се движат по истата траса.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега