ДЕТАЛИ: "Не скокај, млади си треба да живееш" - Алфите спречија млада девојка да се самоубие

"Немој да се убиеш, немој да скокнеш. Млада си треба да живееш"...со овие зборови Алфите во неделата спречиле 24-годишна девојка од Струмица да си го одземе животот скокајќи од тераса. Според податоците до кои дојде Дневник, девојката сакала да скокне од 4 спрат на зграда на улицата Видое Смилевски Бато. Спасувачката акција траела половина час.

Бидејќи вратата била заклучена полицајците морале насилно да влезат во станот. Девојката во солзи седела на балконот, а Алфите половина час ја убедувале да влезе внатре и да се откаже од идејата за самоубиство. 

Причината за овој потег на девојката била расправија со нејзиното момче со кое живеела неколку месеци во Скопје.

За среќа, драмата за врши со среќен крај.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега