Болката не поминува - 14 години од смртта на бранителот Роберт Петковски

Општина Илинден со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, ја одбележа 14 годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

На фудбалското игралиште во Бунарџик, во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Жика Стојановски, се одржа меморијален натпревар меѓу екипата на „Бунарџик“ и репрезентацијата на општина Илинден составена од фудбалери кои што играат во екипите во Општинската фудбалска лига, како и во Третата фудбалска лига-Север.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 10:25
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега