Потврдена затворската казна за еден од насилниците кои му приредија хорор на Дедо Љубе

Апелација ја потврди затворската казна за 28-годишниот Борче Иванов, еден од двајцара насилници кои влегоа во куќата на дедо Љубе и го нападнаа. Како што јавува Дневник, Иванов негирал дека го тепал старецот, додека неговите адвокати изјавиле дека убиениот разбојник Зоран Златанов и дедо Љубе се познавале од претходно. Наводно имале должничко-доверителни проблеми, а Борче само се нашол во ситуацијата.

Тој заедно со убиениот разбојник влегол во куќата на старецот и додека ја малтретирале неговата сопруга, тој се симнал во подрумот, ја земал сачмарката и испукал куршум со кој го усмртил Златанов. 

Инаку, според пресудата, Иванов ќе одлежи осум години затвор.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега