Ден на жалост во БиХ по терористичкиот напад во Зворник

Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен Ден на жалост по терористичкиот напад врз полициска станица во Зворник. 

Одлука за прогласување Ден на жалост во двата ентитети донесоа Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина и Владата на Република Српска, јави ФЕНА. 

Во напад врз полициска станица, извршен од 24-годишниот Нердин Ибриќ од село во близина на Зворник, убиен е Драган Џуруќ, припадник на Министерството за внатрешни работи на Република Српска и повредени се неговите колеги Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ. Ибриќ е убиен во последователна престрелка. 

Полицаецот Драган Џуруќ ќе биде погребан денеска на гробиштата во Каракај, во близина на Зворник, со највисоки полициски почести.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега