Додека вечерал во ресторан нападнат министерот за финансии во Владата на Ципрас

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска изјави дека тој и неговата жена биле нападнати од анархисти додека вечерале во еден ресторан во центарот на Атина, но дека не се повредени, пренесе МИА.

janis500

 

Според грчкиот министер, двајцата синоќа вечерале со пријатели во атинскиот кварт Егзархија, популарен меѓу екстремните левичари и анархисти, кога маскирана група упаднала во ресторанот, пренесува Танјуг.

Групата барала министерот да ја напушти областа, фрлајќи стаклени шишиња и останати предмети врз него и неговата жена, истакна Варуфакис, додавајќи дека тие не биле повредени. 

Варуфакис истакна дека неговата жена го прегрнала и заштитила кога еден од групата се обидел да го удри. - Ова не беше организиран инцидент, истакнува Варуфакис во соопштението.

На крајот министерот разговарал со групата пред ресторанот и тензиите биле смирени

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега