Познат дилер падна во рацете на македонската полиција

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.У. кој бил фатен како продава хероин. Пред два дена дилерот паднал во рацете на полицијата додека на 43-годишниот Д.Д. инаку наркозависник од Струга, му продал помала количина опојна дрога хероин на пресекот на улиците „Маршал Тито“ и „Арсеније Јовков“ во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор.

При извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот Д.У.во кујната, во фиока била пронајдена мала дигитална вага за мерење на мали количини со траги од прашкаста материја. Дополнително, на првиот кат во неговата спална соба над ормарот било забележано и едно мало пакување од црна најлон фолија со прашкаста материја идентично на пакувањето пронајдена претходно кај наркозависникот Д.Д.

Пријавениот Д.У. е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа