ТРАГЕДИЈА: Детенце од тетовско почина во бизарна несреќа

Дванаесетгодишно детенце од тетовската населба Дреновец вчера починало откако врз него паднала метална шибер врата во фабриката „Солидпласт“ во Непроштено. Трагедијата која ја потресе Македонија се случила околу 16 часот и 10 минути кога детето заедно со неговиот дедо и уште едно лице со возило дошле до Непроштено. Додека дедото го паркирал возилото детето се обидувало да ја отвори металната шибер врата при што таа наеднаш се откачила и паднала врз него нанесувајќи му тешки телесни повреди особено во пределот на главата. За жал, детето им подлегнало на повредите на пат кон болницата.

Телото на детенцето е предадено на семејството за погреб.

Според неговите податоци, ова е втор несреќен случај годинава во Полошко, додека минатата година имало вкупно 30 несреќни случаи во кои се повредени вкупно 51 лице, при што најчестата причина била невнимание, пренесе МИА.

Нека почива во мир!

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега