Алфите го приведоа осомничениот за убиството во Љуботен

Завчера  околу 23 часот припадници на единицата “Алфа“ во селото Љуботен го пронашле и лишиле од слобода 21-годишниот Т.Б. кој се сомничи дека на 16 овој месец пред џамијата во село Љуботен пукал кон 31-годишниот Џеваир М. кој почина на лице место. Кај приведениот пронајдена е и една автоматска пушка АК 47 со калибар 7,62 мм, којашто е исто така предмет на кривичното дело. 

За потсетување, на 16 април околу 19 часот 23-годишниот А.М. инаку брат на починатиот Џеваир М. се движел со возило кон Радишани каде  во близина на кружниот тек во населбата Бутел, поради тоа што не дал првенство во сообраќајот, се скарал со лицето Ј.Б.(19) брат на пријавениот Т.Б. кој исто така се движел со возило. Тие застанале по што започнале вербална расправија и при тоа си размениле по неколку удари со боксови по што го напуштиле местото на настанот. Откако А.М. пристигнал дома, неговиот брат Џеваир М. му кажал дека добил телефонски повик од негов пријател кој ги повикал двајцата да појдат во селото Љуботен каде ќе дошло лицето со кое претходно А.М. имал расправија за да направат меѓусебно помирување. Околу 21 часот и 30 минути  А.М. и Џеваир М. со возило се упатиле кон Љуботен каде на патот на влезот од селото биле пресретнати од Р.Ј.(58) татко на пријавениот  кој бил заедно со неговиот син Ј.Б. и им кажале да продолжат да возат се до џамијата. Откако стигнале кај џамијата, А.М и Џеваир М. излегле од возилото по што Џеваир М. се упатил кон Р.Б.и Ј.Б. и започнал разговор, а во еден момент од споредна уличка се појавил пријавениот Т.Б. кој бил вооружен со автоматска пушка веднаш без никакво предупредување испукал еден куршум во правец кон Џеваир М. кого го погодил  во пределот на градниот кош по што го напуштил местото на настанот.  

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега