Крвав инцидент во Кратово: Го искршиле од ќотек па му го земале мобилниот за да не ги пријави

Околу 18 часот синоќа на местото „Видим“ во атарот на селото Куклица во Кратово, 54-годишниот Д.Ѓ. по предходна расправија бил физички нападнат од страна на 46-годишниот Б.С. и неговиот син, 21-годишниот Н.С. од Куманово кои го удирале со стап и тупаници, па му го одзеле и мобилниот телефон за да не го пријави случаот во полиција.

Истиот се здобил со телесни повреди и бил префрлен во Медицинскиот Центар во Куманово за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата.

Осомничените се приведени и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега