Ставрески: За стопанството е неопходно што поскоро да се реши политичката криза

Добро би било политичката криза што побрзо да заврши со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ставрески оцени дека политичката криза не е добра за стопанството на кое му треба стабилност и извесност.

- Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат влошени, меѓутоа се зависи од тоа дали брзо ќе се дојде до одговор на политичката криза. Добро би било таа што побрзо да се затвори со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, нагласи вицепремиерот Ставрески по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017. 

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 13:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега