Скопјанец тешко повреден во автобус

Девет сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Од нив, како што информира полицијата, четири се со последица материјална штета, а четири со телесна повреда.

Полесни повреди здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден пешак и еден возач на мотоцикл. Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Во текот на вчерашниот ден се санкционирани 27 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, односно непрописно се престроиле пред крстосница, 19 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафорите, 10 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, односно се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и седум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод 1-ви Мај, традиционално се очекува зголемено движење на граѓани во излетничките места во околината на Скопје - Матка, Сарај, Водно, Маркова Река, Скопска Црна Гора. Сообраќајната полиција, како што најави, ќе го зголеми присуството во овие делови.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега