Ужасна трагедија: Скопјанец загина на патот за Галичник

Четириесет и пет годишен скопјанец синоќа го загуби животот откако на него налетало возило кое го расчистувало снегот на локалниот пат Маврово до Галичник.

Според првичните информации, станува збор за лице од Скопје кое најверојатно било ангажирано како помошник. На него при движење наназад удрила и го прегазила со тркалата работната машина „зил“ која го расчистувала патот од снег кај месноста Царевец. Возачот на машината е задржан за разговор, пренесе МИА.

Јавен обвинител, екипа на крим техника, инспектор по труд и заштита при работа вршеа увид до доцна во ноќта по што ќе бидат познати и повеќе детали.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега