Уапсен монструмот кој силуваше малолетник во Битола

Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против едно лице за сторен полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот  од Скопско, делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз него.

Казната затвор за вакво кривично дело е  најмалку осум години.

- Ценејќи дека се исполнети законските основи јавниот обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата на предходна постапка го прифати предлогот, па со решение определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена, се неведува во соопштението од  Основното јавно обвинителство Битола.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа