Дилер од Охрид фатен на дело

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(36) од Охрид.

Пријавениот, на повеќе наркозависници од Охрид им вршел продажба на опојна дрога хероин, но и посредување во набавка на опојната дрога.

Г.А. хероинот што го поседувал од по 5 -10 грама, најнапред го препакувал и во помали дози ги продавал на лица наркозависници од Охрид. Тој планирал со дополнително мешање и препакување да направи околу 50 помали паковки со хероин кои понатаму сакал да ги продава по цена од 1000 денари. 

-На 27-ми овој месец, пријавениот од лицето И.Д. (26) познат наркозависник од Охрид, примил 10.000 денари со цел да набави хероин за лична употреба но и за натамошна продажба. Истиот ден, во 17 часот и 40 минути, полициските инспектори, пред неговата куќа ги затекнаа И.Д. (26) заедно со пријавениот Г.А.(36) и Д.Р.(27) наркозависник од Охрид. Забележувајќи ги полициските оперативци, пријавениот Г.А. од десниот џеб од јакната исфрлил две најлонски кеси со кафеава прашкаста материја. Истите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, соопштуваат од охридската полиција.

Пријавениот Г.А. е лице познат на службата против кого и досега по слични основи се поднесувани кривични пријави.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега