Крадел цела година - прилепчанец зад решетки

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 43-годишниот Е.А од Прилеп кој извршил десет кражби.

Во периодот од јуни 2014  се до  март 2015 година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти низ градот. Притоа тој противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони,текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници и други предмети, информираат од СВР Охрид.

Е.А. се стекнал со голема противправна имотна корист.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега