Крвав инцидент во двор од џамија во Лојане

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З.(17), М.И.(22) и Ф.Ј. (23), сите од Лојане поради разбојништво. Насилниците околу 02  часот  во дворот од селската џамија во селото, со физичка сила и со употреба на нож извршиле разбојништво над 20-годишниот Е.Х.од Авганистан, одземајќи му мобилен телефон и 400 евра, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 36.000 денари.

На истиот му е нанесена тешка телесна повреда-расекотина во пределот на левата рака, а од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена. 

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега