Другари од Скопје паднаа во рацете на полицијата - што направиле?

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Б.М.(34) од скопското село Батинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со разбојништво.

На 21.12.2014 година, околу 21,30 часот, во Куманово на улицата „Гоце Делчев“ во обложувалницата „Плеј Ин“, М.Р. со закана со пиштол извршил разбојништво над двајца вработени одземајќи 39.500 денари од прометот и мобилен телефон во вредност од 3.000 денари.

По ова, истиот во кафе бар во Скопје мобилниот телефон му го продал на второпријавениот за 1.000 денари иако знаел дека потекнува од кривично дело.

 

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега