Следува продолжен викенд - ќе ни се погоди ли времето?

Времето во Македонија во деновите од продолжениот празничен викенд ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во сабота во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

На почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурата како на дневната, така и на утринската. Во понеделник температурата ќе се движи од 23 до 29, а во вторник од 26 до 32 степени.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега