Холандија донираше медицинско возило за охридскиот Црвен крст

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид денеска потпиша меморандум за соработка со Црвениот крст од холандскиот град Зеволде, како основа за идните активности што ќе бидат реализирани во иднина преку двете хуманитарни организации.

Притоа на охридскито Црвен крст му беа предадени клучевите од специјално амбулантно возило, донација од Националниот здравствен сервис на Холандија, реализирана со посредство на Црвениот крст од Зеволде.

Карла Лортје од Црвениот крст на Зеволде истакна дека за потребите на охридскиот Црвен крст од возило дознала при нејзината посета на Охрид пред две години, а после враќањето во Холандија добила информација дека холандскиот Национален здравствен сервис ќе отуѓува четири возила.

-  Ги контактирав службите по што ми беше соопштено дека едно од возилата може да биде донирано за Охрид. Договорени беа деталите, по што следуваа акции за собирање средства, вечери, концерти, со цел да се донесе возилото и да се обезбеди опремата, изјави таа.

Специјалното возило е наменето за интервенции на тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид при несреќи и транспорт на повредени, како поддршка на делувањето на Единицата за безбедност на вода и на Единицата за спасување на планина и непристапни терени.

- Возилото е во одлична состојба и на овој начин и Охрид ќе добие поголема сигурност за граѓаните и туристите, меѓу кои и голем број холандски гости, секако ослонувајќи се на нашите професионални тимови. Возилото е целосно опремено за дејствување во несреќи и за безбеден транспорт на повредени. Овие денови во тек е и обука за нашите волонтери од страна на екипите од Националниот здравствен сервис на Холандија и Црвен крст Зеволде, истакна претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Тимови од Црвен крст од Охрид, Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија в понеделник ќе реализираат заедничка јавна показна вежба на делување при несреќа, на која ќе биде претставено и добиеното возило.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега