Проектот „Македонија вработува“ почна да ги дава очекуваните резултати

Интересот на компаниите за проектот „Македонија вработува“ од ден на ден е се поголем и до сега за нецели четири дена од стапувањето на сила за оваа мерка имаат аплицирано над 50 приватни компании за повеќе од 60 вработувања, а веќе се постигнати 30 вработувања во овие 50 компании.

 Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Сапасов во одговор на прашање на денешнат седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашпања.

- Проектот којшто започна пред само неколку дена и ќе трае една година ги постигнува очекуваните првични резултати. Генерално очекуваме овој тренд на вработувања да продолжи и да расте со оглед на искуството од мерката за вработување на млади која што ја имавме за период од една година, рече Спасов.

Нагласи дека проектот „Македонија вработува“ е еден од поголемите проекти на Владата на Република Македонија во насока на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, но и за зголемување на можностите на ранливите категории на граѓани полесно и побрзо да стигнат до работа. 

- Со овој проект се подобрува вработиливоста на огромен број на невработени лица во нашата држава. Сонего ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување  фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа. За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа. За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа, појасни Спасов. 

Тој прецизира дека овој проект е доста значаен и за приватните компании, кои,како што рече, ќе добијат ослободување од плаќање на придонеси и значително намалување на трошоците за отворање на нови работни места, односно намалување од 6.000 до 10.000 месечно за секое отворено ново работно место.

- Очекуваме пред се приватните компании да имаат голем интерес. Условите за апликација се едноставни, а тоа се компаниите да не доцнат повеќе до два месеци со исплата на даноци, придонеси и плати за веќе вработените и да не  го намалиле бројот на вработени, рече Сапасов.

Потсети дека преку проектот за вработување на млади до 29 години за една година се отворија нови 8.000 работни места преку слично и значително помало ослободување за приватните кмпани.

- За нас  како Влада и едно работно место е особено битно. Кога гледаме дека проектите даваат резултат ни дава задоволство да продолжиме со нивна реализација и да ги мотивираме сите учесници во општеството да се вклучат и да придонесат во намалување на невработеноста во нашата држава, потенцира Спасов.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега