ВНИМАВАЈТЕ: Скарата за Први мај може да ве чини 200 евра

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ со апелдо граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа.

Тие апелираат оние кои ќе одат на излет на места како што се: Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

Воедно од таму ги информираат граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега