Сончев и топол парзничен ден

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност.

Во сабота во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

На почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурата како на дневната, така и на утринската.

Во понеделник температурата ќе се движи од 23 до 29, а во вторник од 26 до 32 степени.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега