Почина легендата на македонската кошарка

Вчера во Скопје, на 79 годишна возраст почина еден од основачите на Македонската кошарка и првиот македонски кошаркар кој заиграл за Репрезентацијата на Југославија, легендарниот Цветан Петровски - Куко.

9CCD507982CB6844BD8D690CF0F507A5

Цветан Петровски својата играчка кариера ја мина во КК Работнички и ОКК Беко Београд, каде што настапува заедно со легендарниот Радивој Кораќ остварувајќи бројни успеси и освојувајќи престижни трофеи и признанија во периодот на основањето на кошарката на овие простори. Одличните игри го носат до настап и за Репрезентацијата на Југославија, со што станува првиот македонски кошаркар на кого тоа му успеало. Во текот на долгогодишната играчка кариера, има постигнато преку 16.000 поени. 

По завршувањето на играчката кариера станува сојузен кошаркарски судија, а и по тоа продолжува да придонесува за развој и афирмација на кошарката. Долгогодишната посветена и истакната работа во овој спорт, несомнено заслужено му го носи престижниот епитет - легенда на македонската кошарка.

Погребот на Цветан Петровски - Куко ќе се одржи утре  на 02.05.2015 на градските гробишта Бутел со почеток од 12:00 часот.

Македонската Кошаркарска Федерација сочувствува со фамилијата и најблиските на Петровски. Беше голем кошаркар, голем спортски работник, голема личност.

Нека почива во мир.

basketball.org.mk

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега