Да не се пали оган на отворен простор

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се  Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка, ...

- Екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини, велат од Град Скопје и потсетуваат дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра. 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега