„Ден на крстот“ во село Кучково

Во село Кучково, општина Ѓорче Петров денеска ќе се одржи традиционалниот народен собир „Ден на крстот“.
 
Собирот ќе почне со литургија што ќе ја води архиепископот охридско- македонски г.г. Стефан.  
 
Традиционално ќе се одржат спортско-рекреативни игри со учество на општините Илинден, Кочани, Кисела Вода и Ѓорче Петров, а ќе се дели и „војничко гравче“ за сите присутни.
 
За заинтересираните за присуство на собирот ЈСП „Скопје“ обезбеди бесплатен превоз од центарот на селото Волково до Кучково.
 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега