Над 15.000 туристи на Дојранското крајбрежје

Дојран за Денот на трудот и продолжениот првомајски викенд е преполн со туристи од земјата и странство кои ги резервираа сите комерцијални капацитети и оние кај регистрираните 300 приватни издавачи на апартмани и соби.

- Како во старите добри времиња на Дојранското крајбрежје за празничниот викенд престојуваат над 15.000 туристи, поголемиот број од земјата, еднодневни туристи од Грција и викенд гости од Србија кои од година во година ги има се повеќе. Расположливите капацитети во Стар Дојран се целосно распродадени, па туристите во потрага за сместување се враќаат во Нов Дојран и во околните населени места, изјави Перо Митаноски, раководител на туристичкото биро во Дојран.

Во согласност со мерките и активностите за одржување и заштита на градското зеленило, општина Дојран и јавното комунално претпријатие ќе преземаат активности за превентивно дејствување за заштита од пожари на отворен простор за време на празникот. Тие апелираа до посетителите да се воздржат од палење оган и фрлање отпадоци и најавија парични санкции за прекршителите.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега