ФОТО: Ова е кондовецот кој вчера беше уапсен за тероризам и насилство

По предходно превземени интензивни мерки, а постапувајќи по три судски наредби за сторени кривични дела, „насилство“, „тероризам“ и „казнување за подготвување“ од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје во СВР-Скопје заедно со припадници на единицата „Алфа“ и ЕЈРМ во село Кондово пронајден е и лишен од слобода А.Џ.(53) од село Кондово и по изречената мерка притвор истиот е спроведен во КПУ„Скопје.

Инаку истиот минува во крим евиденцијата на МВР за сторени кривични дела „здружување заради непријателска дејност“, „подготвување на терористичко загрозување“, „злосторничко здружување“, „предизвикување општа опасност“, „тешки дела против општата сигурност“, „недозволена трговија со дрога“ за што од страна на судот му биле изречени и затворски казни, информираат од МВР.

 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега