Од 1 јули Хрватите само со лична карта ќе влегуваат во Србија

По 1 јули откако Хрватска и официјално ќе стане членка на Европската унија, сите нејзини жители ќе можат само со лична карта да влезат во Србија и без пријавување во МВР да останат во оваа земја најмногу 90 денови. Ваквата новина стигнува откако Владата на Србија во 2010 година дозволи сите жители на државите членки на ЕУ да можат да влезат во нивната земја само со лична карта. Обратно пак за српските жители за влез во Хрватска ќе им биде потребен пасош.  

ФОТО: Кајгана

 

 

најчитано сега